Французинот се
најде во фокусот на јавноста изминативе денови откако достави писмо до ПСЖ и
информираше дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот до
2025 година.
Потоа следуваа
лавина шпекулации за неговата иднина, наводно ПСЖ нема ништо да ризикува и ќе го
продаде летово доколку не падне договор за нова соработка.
Но Килијан Мбапе
упорно тврди дека писмото не значи барање за трансфер и желба да ја промени
средината.
Тој уште еднаш
порача дека планира да го носи дресот на „светците“ во сезоната 2023/24, откри дека за
својата иднина ќе одлучи дури во 2024 година, па дури и му даде мала надеж на
ПСЖ.
„Немам дилема, ќе
играм во ПСЖ следната сезона“ – вели Мбапе.
„Ќе донесам
одлука за мојата иднина во 2024. Многу работи можат да се случат за една
година, особено во клуб како ПСЖ“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.