Иднината на
Килијан Мбапе може да биде решена во следните недели, како што пишува Л’Екип,
Реал Мадрид и Флорентино Перез чекаат сигнали од напаѓачот за да тргнат во
офанзива.
Килијан Мбапе ќе
треба јавно да каже дека сака да замине од ПСЖ, по што „кралевите“ ќе испратат
предлог вреден помеѓу 180 и 200 милиони евра.
Се очекува напаѓачот
да биде изоставен од тимот на „светците“ за првото коло во Лига 1 и ова да биде
тригер за реакција на Килијан Мбапе, кој ќе треба да каже дека и покрај желбата
да остане во Париз, не може да се замисли себеси како седи една година на
клупа, па мора да замине од „Паркот на принцовите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.