Попладнево медиумите од Шпанија најавија трансфер бомба во последните денови од летниот преоден рок, Флорентино Перез земал се во свои раце и договорил преселба на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Ваквите гласини беа само подгреани од страна на напаѓачот, кој со мистериозна објава предизвика многу прашина на социјалните мрежи.
Килијан Мбапе сподели песна со наслов „Специјален“, која почнува со стиховите, „Јас сум топ момче, скапо засилување како Каиседо во Лондон“ и постираше три емоџи.
Првото емоџи е бомба, второто е две раце кои склучуваат договор и третото е оган.
Има многу коментари што значи оваа објава, навивачите на Реал Мадрид сметаат дека е најава за трансфер, па останува да се види дали нешто ќе се случи во следните денови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.