Мбапе се закани дека ќе му удри глава на Хакими (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ синоќа со 3-1
го совлда Лил, натпревар на кој Килијан Мбапе беше поштеден откако во средата
беше жртва на крвнички старт на мечот против Брест во Купот на Франција.

Но напаѓачот успеа
да се најде во фокусот на медиумите откако камерите уловија интересен разговор
под трибините.

Додека
фудбалерите се подготвуваа да истрчаат на терен, Килијан Мбапе му се жалеше на
капитенот Маркињос.

„Тој (Хакими) малку
лета во облаци, мисли дека сум му асистент! Гледаш, имаме проблем, си мисли
дека сум му асистент. Пази се, ќе ти удрам глава!“
– рече Килијан Мбапе со
насмевка на лицето.

Ашраф Хакими и
Килијан Мбапе се добри пријатели, па ова е само обична шега откако десниот бек
го замолил напаѓачот да му го придржи маркерот и останатите реквизити.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×