Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2024 година, во него имаше опција за продолжување на уште една сезона, до 2025. Тој преку писмо го извести клубот дека нема да ја искористи таа опција.
Неговиот потег крена паника и нервоза во ПСЖ. Тие сега размислуваат за негова продажба со цел да не го изгубат беспалтно следното лето.
„Искрено, не мислев дека ќе навредам некој. Јас само пратив писмо. Не знаев дека писмото може да убие некој. Тоа е само писмо. Не ми е грижа за реакциите“, вели Мбапе.
„Нема што да објаснувам, си имам свои сопствени причини. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, да критикуваат… јас знам зошто правам и што правам и зошто зборувам и што зборувам. Луѓето ги немаат сите информации“.
„Дали Макрон ќе има влијание на мојата иднина? Тој се надева дека ќе останам во ПСЖ и јас сакам да останам (уште една година), па … ние сме на иста бранова должина“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.