Килијан Мбапе
беше еден од хероите на Франција кои во 2018 стигнаа до титулата на Светското
првенство, но минатата година напаѓачот ја почувствува другата страна на
фудбалската приказна по неуспехот на Европското првенство и елиминацијата од
Швајцарија на пенали.
„Размислував да
се откажам од дресот на Франција, не можам да играм за луѓе кои мислат и ме нарекуваат мајмун“ – открива ѕвездата на ПСЖ.
„Но ставив се на
кантар, се консултирав со многу луѓе кои ме охрабрија да продолжам. Мислам дека
нема да испратев добра порака доколку се повлечев кога работите не одат онака
како што посакував“.
„Верувам дека сум
пример за многу луѓе, и не сакав да испратам таква порака“.
„Ова е една нова Франција…
затоа не ја напуштив репрезентацијата. Ова е порака до младата генерација која
вели, „Посилни сме од омразата““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.