Ал Хилал се договори со ПСЖ за ангажман на Мбапе за сума од 300 милиони евра, но проблем има да го убеди фудбалерот.
Се верува дека тие му нудат луди 700 милиони евра за една сезона, но и покрај тоа тој не сака да оди таму.
Информациите од Франција велат дека тој е подготвен цела сезона да ја преседи на клупата за резерви, но нема да отиде во Саудиска Арабија.
Ваквиот негов став ќе внесе немир во раководството на ПСЖ кој по секоја цена сака да се ослободи од Мбапе ова лето за да заработи од неговото заминување, но како што стојат работите поголеми се шансите тој како слободен да си замине во Реал Мадрид во јуни 2024 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.