Мбапе пак не е среќен, овојпат со позицијата на која игра

by
1 минути читање

Овојпат „Ла Паризиен“ открива дека Мбапе не е среќен со позицијата која ја игра под водство на Галтие во ПСЖ.

Позицијата не била таа која му била ветена во текот на преговорите пред да го потпише договорот.

Под водство на Галтие, Мбапе најчесто напаѓа централно, а тој смета дека најдобро може да се изрази како страничен напаѓач, како што играше и претходно.

Во текот на летото Мбапе побара Нејмар да биде продаден, но ПСЖ не можеше да најде купувач за Бразилецот кој ќе му даде огромна плата каква што му даваат тие.

Откако Бразилецот дозна дека Мбапе барал да биде продаден, се создаде тензија меѓу нив двајца која беше видлива на теренот.

Се пишуваше и дека тој се вообразил по потпшувањето на новиот договор и ги загубил симпатиите кај голем дел од соиграчите кои веќе не го гледаат со исти очи.

Килијан Мбапе доби многу привилегии кои никој фудбалер не ги добил досега, но тие може да имаат контра-ефект во неговата кариера.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани