Мбапе не знае што сака, побарал трансфер во Реал Мадрид, но ПСЖ има други планови

by
1 минути читање

Не поминаа ни три месеци откако го потпиша новиот договор со ПСЖ, а Мбапе веќе сака да си оди. Тогаш ги одбра парите пред Реал Мадрид и брзо се покаја.

Извори блиски до Мбапе за „Марка“ потврдиле дека тој го известил ПСЖ дека сака да си замине, сака трансфер во Реал Мадрид.

Наводно тој е разочаран од ПСЖ бидејќи не ги исполнуваат работите кои му ги ветиле при потпишувањето на договорот.

Во ПСЖ се свесни дека Мбапе станува проблем за тимот со своето однесување, подготвени се да го продадат, но не на Реал Мадрид.

ПСЖ е во лош однос со Реал Мадрид и не сакаат да им го продадат Мбапе. Би го продале на било кој друг клуб, но не на Реал, како опција се јавува Ливерпул.

„Сапуницата“ за Мбапе траеше долго пред да го потпише договорот со ПСЖ, сега повторно се активира.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×