Првата ѕвезда на парижаните, Килијан Мбапе очигледно сам не е доволен ни за бод, па иако даде два гола, неговиот индивидуален ефект, сепак беше премал за да се остане непоразен, а победтаа беше предалечна, зашто Ница го имаше ептен расположениот Терем Мофи кој даде два гола и еднаш асистираше.
Дека Ница е дојдена по сензација најави Мофи во 21-та минута, но Мбапе само осу минути подоцна израмни. Но, клуч за победата на клубот од аѕурниот брег беше првата половина од вториот дел, Гаетан Лаборде на асистенција на Мофи донесе второ водство во 53-та, а најдобриот играч на мечот даде втор гол за убедливи 3-1 во 69-та.
ПСЖ преку Мбапе со неговиот втор гол успеа да се врати во мечот со намалување на предноста, три минути пред крајот на регуларниот дел, но во судиското надополнување потоа не успеа да се извади од бездната и барем да се спаси од пораз со реми.
Ница со победата сега дојде до 9 бода како второпласирана и го прескокна ПСЖ кој остана на осум. Парижаните имаат две ремија и сега пораз во петте досегашни кола во Лига 1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.