Мбапе: На прв поглед мислам дека игравме добро, но…

by 24 фудбал
1 минути читање

Во вистински спектакл од натпревар, Шпанија ја победи Франција со 5-4 и се пласираше во финалето на Лигата на нации. „Црвената фурија“ водеше и со 5-1, но Французите во финишот од мечот се доближија на само еден гол негатива и беа на чекор до неверојатен камбек, кој сепак остана недостижен.

По мечот, Килијан Мбапе не го криеше разочарувањето, а најмногу негодуваше поради надокнадата на време која ја одреди англискиот судија Мајкл Оливер.

Не се согласувам со судијата во однос на вистинското времетраење на играта. Ако се каже дека има пет минути надокнада, тогаш мора да се одиграат пет минути. Ако го кажам тоа, ќе мислат дека сум огорчен, но тоа е факт“, изјави Мбапе.

Француската ѕвезда направи и кратка анализа на партијата на својот тим:

На прв поглед ќе речам дека игравме добро. Имавме неколку акции какви што одамна не сме виделе. Но, имавме и десетминутен пад во првото полувреме кога примивме два гола, истото се повтори и во второто. Не бевме константни во текот на сите 90 минути, но сепак има напредок. Сите сме бесни, тоа е сигурно. Фрустрирани сме“, заклучи напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Франција сега ќе игра за третото место против Германија, додека Шпанија во финалето ќе се сретне со Португалија.

Фото: Equipe de France

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани