Килијан Мбапе
синоќа му донесе победа на ПСЖ во дуелот со Стразбур на ре-стартот на Лига 1, напаѓачот остана смирен и
погоди од белата точка во 96. минута за 2-1.
По крајот на
натпреварот, тој се сретна со новинарите и неизбежни беа прашањата за провокациите
кои ги правеше Емилијано Мартинез при прославата на Аргентинците по триумфот на
мундијалот во Катар.
„Тоа не е мој
проблем, не трошам енергија на такви апсурдни работи“ – кратко порача Килијан
Мбапе, и потоа упати порака до Лео Меси.
„Разговаравме со
Меси по крајот на финалето, му честитав. Тоа беше постигнување на неговиот
живот… ќе беше и за мене, но јас загубив и морате да покажете зрелост и да му
честитате на вашиот ривал“.
„Сега го чекаме
да се врати за да постигнуваме повеќе погодоци и да бележиме повеќе победи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.