„Мбапе мора да го напушти ПСЖ, колку побрзо се пресели во Реал Мадрид, толку подобро“

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
минатата година имаше можност да се пресели во Реал Мадрид, но реши да остане
во Париз и во мај стави потпис на нов договор.

Но само неколку
месеци подоцна почнаа да кружат гласини дека напаѓачот жали за ваквата одлука и
сака да замине од „Паркот на принцовите“, а неговата иднина сега одново е
ставена под знак прашалник откако вчера „светците“ беа елиминирани од Баерн во
осмифиналето во Лигата на шампиони.

„Килијан Мбапе
мора да го напушти ПСЖ, мислам дека мора да си замине. Воопшто не се блиску до
триумф во Лигата на шампиони. Мислам дека следнате сезона нема да се подобрат,
па затоа што побрзо се пресели во Реал Мадрид, толку подобро за него“
– вели Џејми
Карагер, кој синоќа го работеше мечот како стручен коментатор за СиБиЕс.

Самиот Килијан
Мбапе по натпреварот во Минхен беше запрашан дали ја преиспитува одлуката да
продолжи во Париз а тој рече: „Не, спокоен сум. Во моментов единствена работа
која ми е важна е да ја освоиме Лига 1, па потоа ќе видиме. Мислам само на оваа
сезона, другите работи не се важни“.

„Секако дека сум
разочаран од елиминацијата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани