Добро информираниот француски новинар, Даниел Риоло тврди дека Килијан Мбапе нема намера да потпише нов договор со ПСЖ, но нема намера и да замине без да си ги добие сите пари кои му следуваат доколку би останал, а тоа се многу.
Килијан Мбапе на име на плати за следната сезона треба да инкасира 60 милиони евра, а откако ќе заврши сезоната, во јуни 2024 година треба да му легнат уште 90 милиони евра како бонус за лојалност.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи рече дека нема шанси да го загубат Мбапе беспари, но ситуацијата за нив изгледа безизлезно и тешко е да се најде решение кое ќе биде во нивна полза.
ПСЖ му нуди на Мбапе две решенија, или да го продолжи договорот до 2025 година или да биде продаден во летниот преоден рок. За напѓачот не е прифатлива ниту една опција од овие две.
Би прифатил трансфер, но само доколку му биде исплатен барем бонусот за лојалност во целост, сума од 90 милиони евра.
Според француските медиуми ПСЖ е подготвен да игра валкано, ќе се обидат на секој начин да му го отежнат животот на Мбапе правејќи му различни притисоци, но фудбалерот е свесен за тоа и решен е да ги издржи сите пречки со кој ќе се соочи само на лето да си замине слободен со 150 милиони плус на своето конто.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.