Мбапе ќе игра за Франција, но нема да се слика со соиграчите

by
1 минути читање

За денеска француската репрезентација има закажано фотосесија со 14 спонзори. Фотографиите треба да се користат за промоција на селекцијата во пресрет на Светското првенство во Катар.

Но, Килијан Мбапе одбил да биде дел од сесијата откако Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) одбила да ги модофицира имиџ правата специјално за него поради еден од неговите спонзори.

Од секторот за маркетинг на ФФФ потврдија дека денешната сесија ќе помине без Мбапе, а од тимот на фудбалерот изразија жалење што не бил пронајден заеднички јазик.

Ваквата ситуација значи дека Килијан Мбапе ќе го нема на промотивните материјал за француската репрезентација пред Светското првенство, но тој ќе биде на теренот за време на Мундијалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани