Мбапе ја спаси Франција од пораз во Австрија, Пашалиќ донесе победа за Хрватска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Австрија поведе со гол на Веиман во 37. минута, тој резултат долго време беше актуелен, Франција се обидуваше да дојде до израмнување, а во тоа конечно успеа во 83. минута кога Мбапе реализираше една контра и ги постави конечните 1-1.

Во другиот меч од групата, Хрватска со гол на Пашалиќ во 69. минута ја победи Данска на нејзин терен со 1-0.

По три одиграни кола Данска е прва со шест бода, Австрија и Хрватска имаат по четири, а Франција е последна со само два освоени бода.

Во Лига Б, Албанија на свој терен загуби од Израел со 2-1.

Во Лига Ц, Словачка со 1-0 славеше на гостувањето кај Азербејџан, а Белорусија и Казахстан ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Во Лига Д, Летонија со 4-2 славеше кај Молдавија, а Андора со 2-1 го совлада Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×