Mбапе ја „реши“ Германија за бронза на Франција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Франција го освои третото место во Лигата на нации, откако попладнево во Штутгарт ја совлада Германија со 2-0, во натпревар во кој човек на одлука беше Килијан Мбапе.

Ѕвездата на Реал Мадрид повторно го покажа својот квалитет, најпрво сам ја затресе мрежата, а потоа и асистираше за вториот погодок, носејќи ѝ на својата репрезентација заслужено место на пиедесталот.

Германија имаше прилика да стигне до предност во 31. минута, кога Карим Адејеми беше соборен во шеснаесетникот од голманот Мањан. Словачкиот судија Иван Кружилак веднаш досуди пенал, но по консултација со ВАР, одлуката беше поништена.

Казната за промашената можност стигна во финишот на првото полуврем, Мбапе одлично се снајде, го матираше Тер Штеген и ја донесе Франција во водство. Во 84. минута, по мајсторска асистенција на Мбапе, младиот Мајкл Олис погоди за конечни 2-0, со што „триколорите“ ја обезбедија бронзата.

Финалето на Лигата на нации се игра вечерва од 21:00 часот, кога Португалија и Шпанија ќе се борат за златото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани