Мбапе и Жиру поставуваа нови рекорди и ја однесоа Франција во четвртфинале (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Франција покажа моќ против Полска и рутински дојде до победата која ги однесе во четвртфиналето од Мундијалот.

Почетниот резултат беше до 44. минута кога Оливие Жиру постигна гол за водство на Франција од 1-0. Ова беше 52. гол за Жиру во француската репрезентација, со него го помина Анри и стана најдобар стрелец во историјата на триколорите.

Франција ја продолжи својата доминација и во второто полувреме, а следниот гол го постигна Килијан Мбапе во 74. минута. И за него ова беше посебен погодок. Тој стана најмладиот играч, првиот помлад од 24 години кој постигнал осум голови на Светските првенства. Го надмина Пеле.

Но, тоа не беше сè, во 91. минута Килијан Мбапе постигна уште еден гол и донесе водство за Франција од 3-0.

Во последните моменти од мечот Полска доби пенал, Левандовски од втор обид погоди и ги постави конечните 3-1. Првиот шут од белата точка му го одбрани Лорис, но не стоеше на линијата, па ударот беше преновен.

Франција со оваа победа оди во четвртфиналето, а таму ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Сенегал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани