Килијан Мбапе
донел финална одлука за својата иднина, ова попладнево го објави Ле Паризиен.
Напаѓачот во
вторникот се сретнал со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и го известил
дека останува во Париз.
„Светците“ му
поставија ултиматум, или да стави потпис на нов договор или да направи
трансфер, но Килијан Мбапе има други планови.
Французинот нема
намера да ја продолжи соработката, ниту пак ова лето да се пресели во Реал Мадрид или некој друг клуб, сака само да ја одработи последната година од договорот со ПСЖ и потоа во
2024 како слободен играч да ја одбере следната дестинација.
Една од причините
за ваквиот потег на Килијан Мбапе е тоа што тој се чувствува предаден од ПСЖ,
односно кога минатата година ставил потпис на нов договор му биле ветени големи засилувања како Роберт Левандовски
и Бернардо Силва, но ништо од тоа не било исполнето.
Останува да се
види како ПСЖ ќе реагира на ова, претходно се најавуваше дека Килијан Мбапе
ризикува цела сезона да ја преседе на клупа или трибини доколку остане во Париз
без да стави потпис на нов договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.