Мбапе: Целта ми е да ја освојам ЛШ со ПСЖ и да станам најдобар стрелец во историјата на овој клуб

by
1 минути читање

Мбапе сака конечно да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, но и да се запише како најдобар стрелец во историјата на клубот.

„Да ја освојам Лигата на шампионите и да бидам најдобар стрелец во историјата на ПСЖ се дел од моите цели“, изјави Мбапе.

„Лигата на шампионите е јасна цел, не ни треба да зборуваме за тоа. Сакаме да ја освоиме и имаме пат до тоа“.

Мбапе сака да го помине Кавани на вечната листа на најдобри стрелци на ПСЖ.

„Би било нешто спектакуларно да бидам најдобар стрелец на ПСЖ. Мислам дека ако продолжам да играм вака, нема да биде проблем да го направам тоа“.

„Минатата сезона не бевме страшни за другите, не бевме толку недопирливи. Сакам повторно да изгледаме така во Франција, нешто што не бевме во изминатите две години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани