Мбапе ѝ даде гол директно од слободен удар на Барселона! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе беше резервист во финалето на Копа дел Реј поради повреда. Сепак, Карло Анчелоти поради негативата на Реал на полувреме против Барселона (1-0) реши да ризикува со Французинот.

Тоа му се исплатеше, бидејќи Мбапе го живна нападот на „кралевите“, а успеа да донесе и израмнување. Течеше 70. минута од средбата кога францускиот напаѓач прво изнуди слободен удар. Иако постои полемика дали Де Јонг требаше да биде исклучен, Килиан Мбапе го сврте фокусот бидејќи погоди директно од прекинот за израмнување на 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани