Трансферот на Мејсон Маунт во Манчестер јунајтед утре ќе биде и официјално објавен, а во меѓувреме тој се збогуваше со фановите на Челси.
„Здраво фанови на Челси. Со оглед на шпекулациите во изминатите месеци, ова можеби не ви доаѓа како изненадување, одлуката да го напуштам Челси. Мислам дека заслужувате повеќе од напишано соопштение“, вели Маунт во видео пораката.
„Па сакам директно да ви кажам колку сум ви благодарен за поддршката во овие 18 години. Знам дека некои од вас нема да бидат среќни со мојата одлука, но мислам дека ова е вистинскиот избор за мене во овој момент од кариерата“.
„Дојдов во Челси кога имав шест години и поминавме многу заедно. Го освоивме младинскиот куп, освојував награди за играч на годината, Суперкупот, Светското клупско првенство и незаборавната ноќа кога победивме во Лигата на шампионите“.
„Сакам да се заблагодарам на академијата која имаше големо влијание во моите рани години. Тренерите под чие водство работев, персоналот во клубот, сите мои соиграчи низ овие години кои ми беа како браќа и најважно на вас момци. Ви посакувам се најдобро“.
Mason Mount x Chelsea fans. #CFC pic.twitter.com/73A5ZIdKuV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 4, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.