„Сините“
издвојуваа значајна победа, во време кога сериозно се тресе столчето на Френк
Лампард, Челси славеше со 0-1 против Фулам.
Херој на
натпреварот беше младиот Мејсон Маунт, кој во 78. минута закачи еден полу-волеј
и ја затресе мрежата на домаќините.
Англичанецот на
средината од првото полувреме имаше добра шанса, но тогаш пречката го спречи да
се радува на гол. Кон финишот на првото полувреме и домаќините пропуштија
одлична шанса, Кавалеиро се сплетка и ја промаши топката во ситуација кога можеше
да го праша Менди каде да шутира.
Потоа следеше и
пех за Фулам, Робинсон остро стартуваше и доби црвен картон. Челси со играч
повеќе силно притисна во второто полувреме, и го скрши отпорот на противникот во завршницата. Ареола расчисти едно
нафрлување, но топката падна право пред Мејсон Маунт, кој прецизно биеше на поблиската
статива за 0-1 и славје.