163
Матип заработи повреда во дуел со Сон за време на победата на Ливерпул над Тотнем во четвртокот и беше заменет на полувремето.
Од претходно повредени се Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, па повредата на Матип го уклучи алармот во Ливерпул кои синоќа, во последниот ден од преодниот рок потпиша со двајца дефанзивци, Бен Дејвис од Престон и Озан Кабак од Шалке.
„За жал дознавме дека Џоел ќе биде во аут до крајот од сезоната“, потврди Клоп.
„Но ќе биде подготвен за да ги почне подготовките за следната сезона“.