33-годишниот српски фудбалер потпиша едногодишен договор со Рома со можност за уште една година.
Мурињо по третпат го носи во свој клуб, првиот пат тоа беше во Челси, па во Манчестер јунајтед и сега во Рома.
„Со Мурињо добро се познаваме и среќен сум што го најдов тука. Тука сум за него и среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб“, вели Матиќ.
„Се обидувам да го поминам Лампард во најмногу настапи под водство на Мурињо. Мислам дека тимот има многу квалитетни фудбалери и млади играчи кои можат да бидат значајни за иднината. Не можам да дочекам да почнам“.
„Преговорите беа брзи поради амбициите на клубот, на тренерот и моите исто така“.
„Од моето искуство со Мурињо, тој може да го менува системот во зависност од фудбалерите кои ги има. Јас игра на позициите три и два во средината. Ќе ги следам инструкциите на Мурињо, нема да има проблем во таа смисла“.
„Вистина е дека пред неколку месеци ми се јави Мурињо и ми кажа дека ме сака тука, тоа беше една од главните причини за мојот избор“.