166
„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Немања Матиќ потпиша нов договор кој ќе го задржи во клубот до јуни 2023“, стои во соопштението на Јунајтед.
Матиќ во Јунајтед пристигна во 2017 година и досега има 114 настапи за клубот.
„Многу сум среќен што ќе продолжам да бидам дел од овој голем клуб. Како фудбалер се уште имам уште многу да дадам и да постигнам во мојата кариера и чест ми е тоа да биде со Манчестер јунајтед“, вели Матиќ.