249
Матиќ како слободен играч потпиша за Рома откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече.
„По Френк Лампард јас сум фудбалерот од средниот ред кој одиграл најмногу натпревари под водство на Жозе Мурињо. Тој ме убеди за помалку од пет минути да дојдам во Рома: Кога го напуштив Јунајтед, тој ми се јави и јас веднаш реков да“, открива Матиќ.
„Мурињо има нешто екстра што ве мотивира и ве движи. Никогаш не сум го видел задоволен, кога ќе победи, веќе мисли на следниот меч. Тој е прв кој е гладен за успех“.