Матиќ: Мурињо е причината поради која дојдов во Рома

by
1 минути читање

По желба на Жозе Мурињо, Рома го донесе Немања Матиќ на Олимпико. Ова е третпат како Португалецот го купува српскиот фудбалер.

Немања Матиќ не крие дека Жозе Мурињо е главната причина поради која пристигнал во Рома.

„Се разбира сите знаат дека Рома е голем клуб и сите знаат дека јас веќе работев со Жозе Мурињо и дека ние имаме добра конекција и се разбира дека тој беше една од причините зошто дојдов тука. Рома е голем клуб со голема база на навивачи и игра во многу атрактивна лига па одлуклата не ми беше многу тешка“, вели Матиќ.

„Не е секогаш лесно да се работи со Мурињо, може да биде тежок, но тој е победник, и јас токму тоа го сакам од мојот тренер и токму тоа сакам да го правам во мојата кариера, да освојувам. Тој е победник и ја пренесува таа енергија на фудбалерите. Не можам да дочекам да почнам да работам со тимот и со него и се надевам дека ќе победуваме заедно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×