Матиќ брутално му одговори на Онана: Ти се еден од најлошите голмани во историјата на Јунајтед, размисли пред да кажеше нешто

by bojan
1 минути читање

Немања Матиќ брутално му одговори на Андре Онана пред натпреварот помеѓу Лион и Манчестер јунајтед во Лига Европа, вели дека Камерунецот е еден од најлошите голмани во историјата на „ѓаволите“, па треба да размисли пред да каже нешто.

Се вжештува атмосферата пред пресметката помеѓу Лион и Манчестер јунајтед во четвртфиналето во Лига Европа.

Пред неколку дена, Андре Онана изјави дека Манчестер јунајтед е подобар од Лион, коментари кои не му се допаднаа на Немања Матиќ.

„Кој кажал дека Манчестер јунајтед е подобар? Онана? Ги почитувам сите, но кога сте еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер јунајтед, треба да внимавате што кажувате. Доколку беше Де Хеа, Шмајхел или Ван дер Сар, тогаш ќе се запрашав дали е така. Но кога статистички сте еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер јунајтед… треба да размислите пред да кажете нешто“ – вели Немања Матиќ, кој пет сезони настапуваше на Олд Трафорд, а од почетокот на 2024 година е дел од Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани