Баерн Минхен изминатово
лето го идентификуваше Хари Кејн како топ засилување, тргна со сите сили по
Англичанецот и по тешки преговори со Тотнем, успеа да го купи во зделка вредна
околу 120 милиони евра.
Но Лотар Матеус
смета дека „баварците“ можеле да донесат квалитетен голгетер без да потрошат
толку многу, и посочи две далеку поевтини опции.
„На сите им беше
јасно дека Кејн ќе постигнува голови во Баерн“ – вели легендата на германскиот
фудбал.
„Но погледнете
што прави Виктор Бонифејс (во Баер Леверкузен). Јас воопшто не сум изненаден,
напротив, се чудам како тој толку време ираше во Белгија и ниту еден клуб од
Германија не пројави сериозен интерес“.
„Честитки за
Леверкузен (го купија за 20 милиони евра), но скаутите на останатите клубови од
Бундеслигата треба да се подзамислат малку“.
„Можеби некои се
исплашија поради тоа што имаше две тешки повреди на коленото, но откако во
два-три наврати видов како игра, си помислив, „Ако треба ќе одам пеш од Минехн
од Белгија за да го купам!““
„Исто така, моеби
името на Бонифејс и неговата историја беа премали за Баерн“.
Второто име кое
го посочи Лотар Матеус е Серу Гираси од Штутгарт, кој во моментов е прв стрелец
во Бундеслигата со сензационални 10 погодоци на 5 натпревари.
„Пред неколку
месеци веќе спомнав дека Гирасу би бил одлично засилување за Баерн. Беше
достапен и за пристојна сума (се говори за откупна клаузула од 15 милиони
евра).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.