Матеус: Роналдо во Баерн би било секси, сигурно ќе даде 30 гола

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед и да се пресели во клуб со кој ќе
може да атакува на титула во Лигата на шампиони, Баерн Минхен се посочува како
една опција.

Легендата на
„баварците, Лотар Матеус вели дека лидерите на Баерн Минхен мора добро да размислат
за една ваква зделка.

„Секако, ова нема
да биде трансфер со кој ќе се мисли на иднината и не знам дали Роналдо ќе се
вклопи во системот на Баерн Минхен, но тој е извонреден голгетер, еден од
најдобрите напаѓачи во историјата и сигурен сум дека ќе постигне 30 погодока
.
Сигурно трансферот ќе се исплати со продажба на дресови и слични работи“ – вели
Лотар Матеус.

„Роналдо во Баерн
би било секси! За ваква зделка, морате добро да размислите. Доколку луѓето во
Баерн сметаат дека Кристијано Роналдо може да одигра на врвно ниво уште година-две,
и доколку сумата што ќе ја добиете за Роберт Левандовски можете да ја
инвестирате за ангажман на Роналдо, јас би тргнал по една ваква зделка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани