794
Манчестер јунајтед на свој терен загуби од Кристал Палас со 2-0, херој на гостите беше Матета кој ги даде и двата гола.
Манчестер јунајтед имаше низа од три победи во низа, па влезе како фаворит во овој меч, но тимот на Рубен Аморим потфрли.
Повеќе од еден час немаше гол, резултатот беше отворен во 64. минута кога Матета го даде првиот гол.
Во самиот финиш од мечот, поточно во 89. минута Матета даде уште еден гол за победа од 2-0 на Кристал Палас.