Матета го замолкна Емирати, на Ливерпул му фали само бод за титулата! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал одигра 2-2 против Кристал Палас на Емирати, а тоа значи дека Ливерпул во следниот свој меч може и со реми да дојде до шампионската титула.

Топчиите одлично го почнаа мечот, со гол на Кивиор уште во третата минута поведоа со 1-0.

Во 27. минута Езе го изедначи резултатот, но пред крајот на првиот дел Тросар го врати водството на Арсенал.

На седум минути пред крајот на мечот Матета даде гол и ги постави конечните 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани