Матераци: На Мурињо му реков „е*и се“, бидејќи ме остави со Бенитез! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иако не беше стандарден во стартниот тим на Интер кај Жозе Мурињо, Марко Матераци имаше посебна врска со Португалецот.

„Мурињо беше посебен. Тој ги знаеше имињата на сите наши деца и наши сопруги. Претходно никој друг не го направил тоа за мене. За мене тоа не беше големо изненадување, но за мојата сопруга, кога тој ја запозна и рече „здраво Даниела“, за неа беше изненадување“, вели Матераци.

Впечатливо беше нивното збогување по освојувањето на Лигата на шампионите, кога двајцата беа во прегратка со солзи во очите. Тој беше прашан што му рекол на Мурињо во тој момент.

„Му реков е*и се. Бидејќи ме остави со Бенитез“.

Рафаел Бенитез го наследи Мурињо во Интер, но авантурата на шпанскиот стратег помина неславно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×