Поранешниот
фудбалер на Интер, Марко Матераци смета дека тренерот на „Нероаѕурите“, Антонио
Конте полека но сигурно станува вистински Интериста, а во однос на коментарите
на Андреа Ањели, додава дека му се допаѓа бучавата на непријателот.
Интер го презеде
лидерското место во Серија А по одиграни 22 кола, а во моментов е на еден бод
пред својот градски ривал Милан кој сосема неочекувано загуби од Специја, а
Интер го доби дербито со Лацио.
„Интер сосема
заслужено е на првото место во Серија А, овој тим е изграден за Скудетото“ вели
Матераци во изјава за „Газета дело Спорт“, а потоа додаде пофалби за Конте.
„Јас мислам дека
Конте станува Интериста, тој се извини за гестот кон Ањели, но инсистираше на
тоа дека бил провоциран, признавањето на грешка е навистина посебно нешто, убав
гест, ние сме Интер, а се навикнавме да ја слушаме гласноста на непријателите,
сето тоа придонесува за повеќе убавина и нешто специјално за нас, бучава од
непријателите…“ додаде поранешниот дефанзивец.