Манчестер јунајтед почна фантастично под водство на Солскјер со победа од 5-1 на гостувањето кај Кардиф во Премиерлигата.
Хадерсфилд е новиот противник на Манчестер јунајтед и тоа е одлична шанса за врзување на две победи.
„Легендарниот Оле Гунар Солскјер е нашиот нов тренер сега и не можевме да стартуваме подобро под негово водство“, вели Мата.
„Победата над Кардиф дава самодоверба и го крева моралот пред крајот на 2018. Време е да бидеме оптимисти, да гледаме напред и да продолжиме да работиме напорно за да се качуваме на табелата“.
„Навистина сме мотивирани и сакаме да ги забавуваме нашите фанови кои заслужуваат многу“.
„За мене овој период околу Боксинг деј се најдобрите денови во годината бидејќи ме потсетуваат на моите почетоци во Премиерлигата пред седум години“.