„Каталонците“
вчера имаа историски кам-бек и славеа со 6-1 во реваншот против ПСЖ.
Огромниот успех
на Барса сепак не поминува без полемики, на средбата имаше неколку спорни
моменти, а гостите од Париз веруваат дека биле оштетени од судијата Ајтекин.
Еден таков момент
се случи во 84. минута, кога при резултат 3-1, Анхел Ди Марија излезе сам пред
голманот Тер Штеген.
Хавиер Маскерано
стартуваше од зад грб, фудбалерот на ПСЖ лоша ја зафати топката и падна на
тревата барајќи пенал. Сепак, судијата не покажа ништо, а Тер Штеген веднаш
започна нов напад на домаќините.
По крајот на
средбата, фудбалерот на Барселона призна дека имало контакт при неговиот старт
на Анхел Ди Марија и ПСЖ требал да добие најстрога казна.
„Нема да лажам,
го удрив Ди Марија и тие требаше да добијат пенал” – вели Аргентинецот.
„Но тоа не е
причината поради која ги елиминиравме”.
Од овој спорен момент нема повторени снимки, па многумина ја цената искреноста на Хавиер Маскерано, но тоа не им значи многу на играчите на ПСЖ, тие се веќе елиминирани.