Машина за пари: Барселона за еден час инкасираше 1,5 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Барселона можеби мака мачи да се стави во ред со правилата за Финансиски фер плеј, но „каталонците“ уште еднаш покажаа дека имаат огромен економски потенцијал и моќ да генерираат високи приходи.

Ковид-19 пандемијата направи голема дупка во буџетот на Барселона, „каталонците“ и пет години подоцна мака мачат да се стават во ред со правилата за Финансиски фер плеј и само мудро толкување на законите ги спаси од голем срам во јануари и да останат без регистрација на Дани Олмо.

Но во исто време „каталонците“ уште еднаш покажаа дека имаат огромен економски потенцијал и моќ да генерираат високи приходи.

За пресметката против Реал Мадрид на 11. мај, Барселона ќе има специјален дрес со логото на познатиот рапер Тревис Скот.

Во петокот на продажба се најде лимитирана серија на дресови, едни кои чинат 399,99 евра, и други кои чинат дури 2.999,99 евра, и за еден час сите беа распродадени.

Оваа акција донесе приход од околу 1,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани