Мартинез може да направи трансфер од 45 милиони евра и да остане во Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Емилијано Мартинез, еден од најдобрите голмани во светот и прва ѕвезда на Астон Вила, летово сигурно ќе го напушти Бирмингем, но сè уште не е познато каде ќе продолжи.

Мартинез пред неколку месеци беше на чекор до Барселона, но од тоа како што стојат работите нема да има ништо. Во меѓувреме, во преден план исплива Манчестер јунајтед, клуб кој, според некои извори, е најголемата желба на чуварот на мрежата кој со маестрални одбрани ѝ донесе светска титула на Аргентина.

Се шпекулира дека токму тимот од „Театарот на соништата“ е местото кое го посакува Аргентинецот, но медиумите на Островот пишуваат и дека првиот конкретен потег го направил Челси.

Лондонските „сини“ наводно испратиле понуда од 45 милиони евра за неговите услуги тоа е сума која е прифатлива за Астон вила.

Но, не е познаот колку Мартинез е заинтересиран за преселба на „Стенфорд Бриџ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×