Мартинез: Ќе се обидам да ја однесам Астон Вила во Лигата на шампионите!

by
1 минути читање

Светскиот шампион, Емилијано Мартинез има пофалби за својот тренер, Унаи Емери и вели дека целта на клубот е да ја освои Лигата на шампионите, да освојува трофеи.

„Унаи Емери е еден од најдобрите пет тренери во светот во моментов“, вели Мартинез.

„Астон Вила сака да ја освои Лигата на шампионите, да освои трофеј. Не сум тука да си го губам времето. Сакаме да освоиме нешто“.

„Откако дојдов тука, одиме напред. Ќе се обидам да ја однесам Астон Вила во Лигата на шампионите“.

Историски гледано Астон Вила е еден од најтрофејните англиски клубови. Седум пати биле шампиони на Англија, еднаш биле Европски шампиони, го освоиле и Купот на УЕФА. Но, во последните три децении е многу далеку до слични успеси.

Моменталната табела во Премиерлигата:

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×