Аргентина синоќи
ја совлада Франција во финалето на мундијалот во Катар, „гаучосите“ по 36
години се Светски шампиони.
Покрај Лео Меси,
еден од најзаслужните за големиот успех е голманот Емилијано „Дибу“ Мартинез.
Тој имаше
фантастична реакција во 124. минута од натпреварот и го спречи Коло Муани да
донесе радост за „триколорите“. Потоа во пенал серијата, го одбрани ударот на Коман
и го навести славјето на Аргентина.
Па сосема заслужено,
Емилијано Мартинез беше прогласен за најдобар голман на турнирот и ја доби
„Златната ракавица“, но тој изненади со контроверзно славје и трофејот го стави
на вулгарно место.
Потоа се правдаше
дека гестот бил одговор на провокациите кои ги добил: „Го направив тоа бидејќи
Французите ме исвиркуваа. Надмено однесување кај мене не поминува“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.