Марсијал е првиот играч на Јунајтед кој постигнал хет-трик откако Алекс Фергусон се пензионираше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шоу на Марсијал за победа на Манчестер јунајтед и многу важни три бода во борбата за четвртата позиција на табелата.

Два пати му асистираше Рашфрод, еднаш Ван Бисака. Особено убав беше последниот гол кој го постигна со лоб удар.

Марсијал е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој постигнал хет-трик откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше во 2013 година. Во меѓувреме 21 различен клуб во Премиерлигата имале фудбалер со хет-трик, пред Марсијал да го направи тоа денеска за Јунајтед.

Евертон со гол на Кин дојде до победа на гостувањето кај Норич од 1-0, Хименез донесе минимален триумф на Волвс над Борнмут. Њукасл и Астон Вила ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×