Марсело помина 16 сезони во Реал Мадрид и стана вистинска легенда на кралскиот клуб. Ќе биде запишан како најтрофејниот фудбалер на Бернабеу.
„Не размислувам многу за иднината. Живеам во моментот, секогаш. Тешко е да се напушти клубот на твојот живот по 16 години поминати во него, многу убави моменти, страдања, болки, тренинзи… давање се за клубот. Не е ова жалење, би го направил повторно истото. Иднината не ме плаши, што треба да направам ќе направам, историјата е веќе напишана“, вели Марсело.
Запрашан како ќе му ги објасни 16те сезони на неговиот дедо, Марсело рече: „Се што постигнав практично е поради него. Тој ме однесе на воз, веруваше во мене, ме остави да одберам што јас сакам. Направи да пораснам и да созреам порано од нормалното. Дојдов во Мадрид кога имав 18 години и мислев дека сум зрел, и сега знам дека ништо не сум знаел. Правев тоа што требаше да правам. Доколку освоев само три титули, во ред, но испишав историја со тоа што требаше да се случи. Сега многу мирно можам да му кажам збогум на клубот на мојот живот“.
„Мојот живот отсекогаш бил уживање. Не само откако дојдов во Мадрид, туку целиот живот. Ме научија да му се смеам на животот. Доколку не се смеете тогаш имате проблем, бидејќи кога проблемот навистина ќе дојде, тогаш нема да можете да се смеете. Смеј се сега. Младите фудбалери кои сакаат да играат во Мадрид и се тука, искочете на Бернабеу, слушнете ја химната на Лигата на шампионите… се гледам себеси како пример за децата и треба да го правам тоа, тие треба да го знаат тоа. Сите имаме проблеми, но треба да се смееме“.
„Не размислувам за пензија, мислам дека уште можам да играм. Не мислам ни дека играње против Реал Мадрид ќе ми биде проблем. Направив се што требаше да направам. Професионален сум многу, јас сум вистински мадридиста, Мадрид ме научи на тоа“.