Барселона доживеа
шок откако забележа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, и
тоа од Рома која пред своја публика ја совлада со 4-1, а на гости загуби со
3-0.
Речиси исто
сценарио барем за момент имаше синоќа, Реал Мадрид славеше со 0-3 во Торино, а
на домашен терен во реваншот ја имаше истата негатива, но во финишот Роналдо
погоди од пенал и со тоа европскиот првак избори место помеѓу четирите
најдобри.
Марсело нема
никакви дилеми во однос на тоа дали било пенал врз Вазкез, а со неговиот
одговор за момент ја „пецна“ и Барселона.
„Тоа беше чист
пенал, очигледно беше дека тоа што и се случи на Барселона, никогаш нема да ни
се случи нам, причината е јасна, бидејќи ние сме Реал Мадрид“ рече Марсело.