68
По Пауло Дибала, можно е уште една голема ѕвезда да пристигне во Рим, но не во Рома, туку во Лацио.
34-годишниот бек е без клуб откако му заврши договорот со Реал Мадрид, според „Газета дело Спорт“ Марсело преговара со Лацио.
Тој бара тригодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона. Лацио би ги прифатил тие барања на фудбалерот, но сакаат прво да ја дознаат физичката состојба на Марсело.