Марсеј и Лион ќе го играат мечот со публика и покрај големиот инцидент!

by
1 минути читање

Натпреварот од 10. коло не се одигра во предвидениот термин поради сериозен инцидент кој се случи пред стадионот. Фанови на Марсеј со камења го демолираа автобусот на фудбалерите на Лион, а најдебелиот крај го извлече тренерот Гросо кој доби расекотини на главата.

Но, и покрај сериозноста на инцидентот, одлучено е одложениот натпревар да се игра со публика на трибините. Наводно, овојпат безбедноста ќе биде крената на уште повисоко ниво.

Во таборот на Лион се шокирани од оваа одлука на француската лига. Тие не можат да поверуваат дека и покрај тоа што се случи, нема да има никаква санкција за Марсеј, а мечот ќе се игра со навивачи.

Лион најави дека ќе се жали на оваа одлука на француската лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×