Марота веќе има листа: Познати се кандидатите за наследник на Инзаги

by Стефан
1 минути читање

Додека Инзаги ја чека конечната одлука за својата иднина во Интер, „нераѕурите“ не седат со „скрстени раце“ и ги разгледуваат опциите за негов наследник. ј

Прв на листата на Марота е Сеск Фабрегас. Сепак, оваа опција не изгледа едноставна. Иако се работи за харизматичен и интелигентен млад тренер, Фабрегас неодамна ги одби понудите од Милан и Рома, а моментално е силно поврзан со Ком, клуб во кој не само што работи, туку е и акционер. Според блиски извори, Шпанецот смета дека е уште рано за преземање на голем клуб како Интер.

Покрај Фабрегас, Интер има и неколку резервни сценарија. Еден од нив е поранешниот капитен на клубот, Кристијан Киву. Романецот неодамна доби шанса како прв тренер на Парма по смената на Пекиа, и успеа да го спаси тимот од испаѓање. Од 2018 година, Киву работеше со младинските категории во Интер, што би значело логичен континуитет, но неговото искуство во сениорскиот фудбал е ограничено.

На списокот се наоѓа и Патрик Виеира. Тој има далеку повеќе тренерско искуство, по Ница и Сити во МЛС, работеше во Кристал Палас, а сезонава го спаси Стразбур од испаѓање. Иако не е миленик на навивачите, неговата дефанзивна филозофија се совпаѓа со системот 3-5-2 кој Интер го негува уште од времето на Конте, а околу кој Марота ги гради преодните рокови.

Последното име кое кружи низ миланските кулоари е Рафаеле Паладино. Тој си поднесе оставка во Фиорентина, но остави силен впечаток со Монца претходната сезона. Сепак, како поранешен играч на Јувентус и тренер со најмалку искуство од сите споменати, се смета за ризична опција.

Фото: Inter FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани