Марота објасни зошто Интер остана без Дибала и Бремер

by
1 минути читање

Интер се
посочуваше како фаворит за потписите на Пауло Дибала и Глеисон Бремер, со
месеци се водеа преговори, но потоа во само неколку дена „нероаѕурите“ останаа
со празни раце, напаѓачот потпиша за Рома а дефанзивецот се пресели во Јувентус.

„Многу работи беа
кажани за Дибала, но ние сме прилично силни во нападот и едноставно за него
немаше место, ниту пак ни беше потребен. Мислам дека Рима е идеален клуб за
Дибала, таму ќе може да биде лидер и да ги забавува навивачите. Му посакувам се
најдобро“
– вели генералниот извршен директор Бепе Марота.

„Што се однесува
до Бремер, мојот колега Пјеро Аусилио работеше со месеци на оваа зделка, се
работи за одличен фудбалер. Но поради финансиски причини не можевме да го
комплетираме трансферот“.

„Кога некој ќе
понуди многу повеќе од нас, логично е клубот кој продава да направи таков
избор, исто како и самиот играч, кој е професионалец“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани