69
Долго време Интер се посочуваше како главен фаворит за Дибала кој е слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус, но работите се менуваат.
Денеска извршниот директор на Интер, Џузепе Марота даде изјава која може да се протолкува дека тие се откажуваат од обидите да дојдат до потписот на Аргентинецот.
„Дибала е дел од фудбалерите кои се слободни на пазарот, тој е и беше една од опциите, но ние веќе го комплетиравме нашиот напад со многу доби фудбалери“, изјави Марота.
Плановите на Интер за Дибала веројатно се променија откако го добија потписот на Лукаку.