Мароко го победи Бразил во пријателски меч (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Голманот на Севиља и на мароканската репрезентација, Боно имаше катастрофален меч, но за негова среќа прими само еден регуларен гол. Првиот негов кикс по кој се затресе мрежата беше офсајд. 

Мароко го отвори мечот со гол на Буфал во 29. минута, тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Во 67. минута Касемиро постигна гол за 1-1. Овојпат киксот на Боно го чинеше Мароко примен гол.

Но, 12 минути подоцна Мароканците преку Сабири постигнаа нов гол, за ново водство кое значеше и победа од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×